Градежен Институт МАКЕДОНИЈА АД Скопје има своја автентична препознатливост меѓу деловниот свет и деловните партнери не само во Македонија туку и во Р.Србија, Р.Црна Гора, Босна и Херцеговина, Р.Косово и Р.Албанија. Оваа автентичност на Компанијата ја содавале голем број на генерации професионалци. Нашето чувство на гордост произлегува од силниот бренд кој го имаме создадено со висока компаниска култура која сите нас нè поттикнува да го извлечеме најдоброто од себе како компанија и како професионалци.
Тимот на професионалци во нашата Компанија, е тим кој е посветен на развој, а развојот на нашите вработени е наш развој, затоа што само професионалци кои ги развиваат своите таленти умеат да се соочат со предизвиците при пробивање на светските пазари, односно заеднички го глобализираме нашиот бренд.
Нашата Компанија е посветена на развој, надградување и задржување на нашите таленти, позиционирање на работните места, обука и едукација, внатрешни унапредувања, предизвикување на Вашиот потенцијал, а соодветното позиционирање на работните места претставува основа за Вашиот иден развој, а Вашиот развој е и наш развој.
Вработените работат најефикасно кога се соочуваат со предизвици и кога имат јасен и дефиниран пат кон постигнување на успеси. Тоа е причината поради која ги поттикнуваме вработените целосно и самостојно да управуваат со достигнување на своите кариерни цели и личен развој.