СЕРТИФИКАЦИИ И АКРЕДИТАЦИИ

Градежен Институт МАКЕДОНИЈА како лидер во својата областа со цел за поефиксно управување со процесите во своето работење, ISO стандардите ги има
имплементирано меѓу првите фирми во државата уште во 2003 година

ГИМ има имплементирано интегриран систем за управување со квалитет,
животна средина и безбедност и здравје при работа согласно MKS EN ISO
9001:2015, MKS EN ISO 14001:2015 и MKS EN ISO 45001:2018.

Основата на интегрираниот систем за управување е вклопувањето на
стручниот кадар, опремата и дигиталните апликации кои преку документиран систем на политики за квалитет, прирачници, процедури, кодекси и работни упатства, поддржан од DMS софтвер, овозможуваат реализација на визијата и мисијата на компанијата.

Акумулираното организациско знаење на компанијата низ децениите е преточено во интергриран систем кој овозможува највисок квалитет на
нашите услуги и нивното постојано подобрување, се со цел задоволувањето на барањата на нашите клиенти, како на домашниот, така и на странскиот пазар.

Во состав на ГИМ делуваат и Акредитирана лабораторија и Сертификационо тело ГИМ Сертификација акредитирани од Институт за Акредитација
на Република С. Македонија.

АКРЕДИТИРАНА
ЛАБОРАТОРИЈА

Искажувајќи ја својата доследна определеност за квалитет на сите нивоа на работење, сите активности на вработените во Заводот Лабораторија, постојано се насочени кон исполнување на барањата, потребите и очекувањата на корисниците на услугите на испитување.

Остварувањето на високо ниво на задоволство на корисниците на услуги и сите други заинтересирани страни, се потикнува преку воспоставениот и применет Систем за управување со квалитет, согласно барањата на стандардот МКС EN ISO/IEC 17025:2018, неговото преиспитување и постојано подобрување. Со доследна реализација на Политиката за квалитет, лабораторијата, тежнее да ја оствари својата главна цел – да стане водечка институција во својата област.

ПРЕЗЕМИ

ГИМ
СЕРТИФИКАЦИЈА

ГИМ СЕРТИФИКАЦИЈА во рамките на претпријатието Градежен институт МАКЕДОНИЈА е специјализирано за сертификација на градежни производи, со препознатливи принципи во работењето: професионалност, независност, непристрасност, доверливост и квалитет.

Од развојната визија на ГИМ произлегува обврската да градиме Сертификациско тело способно да испорачува услуги за сертификација кон корисниците, со највисок можен квалитет, преку постојано следење на современите методи, технологии и постојано унапредување на Системот за менаџмент со сертификација воспоставен според барањата на стандардот.

ПРЕЗЕМИ

mk_MK