ГЕОТЕХНИКА

Завод Геотехника нуди услуги кои опфаќаат: геотехнички, геомеханички,  геолошки и хидрогеолошки теренски истражни работи, геотехничко  проектирање, хидрогеолошки истражни работи, изработка на  фундаментални хидрогеолошки и инжинерско-геолошки карти  експертизи, студии, извештаи, елаборати и консалтинг за истражување и  експлоатација на подземни води и слично. Постојат три оддели кои се  дел од овој Завод:

 

• Изработува геотехнички проекти за санација на свлечишта, одрони, специјални фундирања, заштита на длабоки градежни јами и нивно одводнување, потпорни ѕидови и подобрување на слабо-носиво тло;
• Проектна документација за стабилизација на косини;
• Врши надзор и контрола на квалитетот при изведба на геотехнички истражни работи, како и надзор од геотехнички аспект при изведба на градежни работи;
• Врши мониторинг на свлечишта и слични проблеми од областа на геотехниката преку мерење на вградени инклинометри и тензиометри;

• Изработува геолошки елаборати, студии, проекти и карти за наоѓалишта на минерални суровини и градежни материјали;
• Изработува документација за добивање на концесија за експлаотација на минерална суровина согласно законот за минерални суровини;

• Извршува инжинерскогеолошко, геотехнички, геомеханички теренски истражни работи и лабораториски испитувања од разни области на градежништвото, геологијата;

• Изработува геотехнички и геомеханички елаборати како подлоги за проектирање на станбени и индустриски објекти, брани, мостови, тунели, ветерници, термоелектрани, гасоводи, патишта, автопати и други инфраструктурни објекти;

• Врши ревизија на техничка документација од областа на геотехниката, геомеханиката, геологијата, инженерската геологија и хидрогеологијат;

• Изработува фундаментални хидрогеолошки и инжинерско-геолошки карти на национално ниво;

• Изработува експертизи, студии, извештаи, елаборати и консалтинг за истражување и експлоатација на подземни води;

• Врши проектирање на бунари и/или бунарски системи за водоснабдување на населени места и индустриски капацитети, климатизација на објекти, одводнување на рудници;

• Врши хидрогеолошки истражни работи за дефинирање на количина и квалитет на подземните води, услови и можности за експлоатација, како и дефинирање на заштитни зони на извори и водоснабдителни системи;

• Хидрогеолошки истражни работи за определување на ранливоста, ризикот од загадување, квалитетот и ремедијација на подземни води;

• Изработува документација за добивање, дозволи за користење на подземни води согласно и законот за води;

• Врши геофизички испитувања со методите на сеизмичка рефракција и рефлексија, вертикално електрично сондирање и електрична томографи;

ТЕКОВНИ ПРОЕКТИ

slika1
ПАРК НА ВЕТЕРНИЦИ

Геотехничко-истражниот проект за Паркот на ветерници во Богданци започна во јуни 2014 година и е овластен од страна на Сименс СА.

прочитај повеќе >>

slika1
БЕХТЕЛ & ЕНКА

Конзорциумот Bechtel&Enka со Владата на Република Србија кон крајот на 2019 год. потпиша договор за изградба на модерен автопат Појате – Чачак со вкупна должина од...

прочитај повеќе >>

slika1
ИНТЕГРАЛ ИНЖЕНЕРИНГ

Oд страна на Изведувачот на градежните работи Integral Inženjering, во периодот 2015 – 2020 год.

прочитај повеќе >>

slika1
ОТПОРНО СКОПЈЕ

Изработката на Студија дел од Проектот "Отпорно Скопје: поголема одржливост и иновации за справување со климатските промени"...

прочитај повеќе >>

mk_MK