• Изработува фундаментални хидрогеолошки и инжинерско-геолошки карти на национално ниво;
• Изработува експертизи, студии, извештаи, елаборати и консалтинг за истражување и експлоатација на подземни води;
• Врши проектирање на бунари и/или бунарски системи за водоснабдување на населени места и индустриски капацитети, климатизација на објекти, одводнување на рудници;
• Врши хидрогеолошки истражни работи за дефинирање на количина и квалитет на подземните води, услови и можности за експлоатација, како и дефинирање на заштитни зони на извори и водоснабдителни системи;
• Хидрогеолошки истражни работи за определување на ранливоста, ризикот од загадување, квалитетот и ремедијација на подземни води;
• Изработува документација за добивање, дозволи за користење на подземни води согласно и законот за води;
• Врши геофизички испитувања со методите на сеизмичка рефракција и рефлексија, вертикално електрично сондирање и електрична томографи;