КАРИЕРА

Посветеноста и одржувањето на највисоки стандарди на професионализам, постојаната потрага по иновативни решенија и прифаќањето на нови можности со цел
постигнување на најдобри резултати, вработените се тие кои со својот професионализам над 45 години го издигнуваат Градежен Институт МАКЕДОНИЈА АД Скопје како лидер меѓу градежните Компании во обезбедување специфични услуги во градежништвото.области на градежништвото. Денес, компанијата брои повеќе од 300 вработени и продолжува да го зголемува обемот на специјализирани услуги кои ги нуди на своите клиенти и партнери.

Градежен Институт МАКЕДОНИЈА АД Скопје има своја автентична препознатливост меѓу деловниот свет и деловните партнери не само во Македонија туку и во Р.Србија, Р.Црна Гора, Босна и Херцеговина, Р.Косово и Р.Албанија. Оваа автентичност на Компанијата ја содавале голем број на генерации професионалци. Нашето чувство на гордост произлегува од силниот бренд кој го имаме создадено со висока компаниска култура која сите нас нè поттикнува да го извлечеме најдоброто од себе како компанија и како професионалци.

Тимот на професионалци во нашата Компанија, е тим кој е посветен на развој, а развојот на нашите вработени е наш развој, затоа што само професионалци кои ги развиваат своите таленти умеат да се соочат со предизвиците при пробивање на светските пазари, односно заеднички го глобализираме нашиот бренд.

Нашата Компанија е посветена на развој, надградување и задржување на нашите таленти, позиционирање на работните места, обука и едукација, внатрешни унапредувања, предизвикување на Вашиот потенцијал, а соодветното позиционирање на работните места претставува основа за Вашиот иден развој, а Вашиот развој е и наш развој.

Вработените работат најефикасно кога се соочуваат со предизвици и кога имат јасен и дефиниран пат кон постигнување на успеси. Тоа е причината поради која ги поттикнуваме вработените целосно и самостојно да управуваат со достигнување на своите кариерни цели и личен развој.

ОБРАЗОВАНИЕ
И РАЗВОЈ

Сите вработени се охрабрени да инвестираат во својот професионален развој, со цел да им се помогне да ги исполнат поставените цели во кариерата, со истовремено максимизирање на ефикасноста на тековните активности и проекти.
На вработените им нудиме ресурси за учење и развој, вклучувајќи индивидуализирани обуки и специјализирани програми, во соработка со голем број партнери, опции за менторство со цел поттикнување на функционална и техничка совршеност, издигнување на тимската работа и промовирање на вредностите на ГИМ.

УПРАВУВАЊЕ СО
ТАЛЕНТИ

Една од нашите долгорочни цели е да продолжиме со ефективно спроведување на процесите за управување со таленти, бидејќи тие значат интегрирана идентификација, селекција, развивање и задржување на врвните таленти во нашата Компанија. Овој процес го следиме со соодветни специјализирани програми за управување со таленти, во соработка со нашиот Центар за развој, каде ја охрабруваме креативноста и таа треба да произнесе нови, иновативни решенија.

ЗДРАВЈЕ И
БЕЗБЕДНОСТ

Заложбата на Градежен Институт МАКЕДОНИЈA АД Скопје за континуирано подобрување на здравјето и безбедноста на нашите вработени е нашиот главен приоритет, што придонесува за остварување на компаниските цели и подобрувањето на безбедноста што е од големо значење. Компанијата има воспоставен систем за управување со здравјето и безбедноста при работа, што служи како ефикасен пристап при управувањето и континуираното отстранување на опасностите и минимизирање на ризиците.
Ништо не е поважно од обезбедувањето здрава, квалитетна и безбедна работна средина за нашите вработени. Нашата клучна цел е едноставна: работа без повреди.

Ако сте во потрага на нови предизвици и можности во прогресивна и иновативна компанија, Ве молиме контактирајте го нашиот менаџер за човечки ресурси на следната е-маил адреса:
tatjana.ivanovska@gim.mk

ТЕКОВНИ МОЖНОСТИ

Ова е местото на Вашиот почеток на патот кој Ве води до нашата Компанија, но и поблиску до себе и до својата цел. Тежнееме да станете дел од нашето четири децениско постоење и заедно да ја пишуваме нашата историја. Ве охрабруваме да верувате во себе, во Вашите амбиции и квалитети. Ве повикуваме да станете дел од нашиот тим на професионалци.

Вашиот влез во нашата Компанија почнува со Нашата доверба во вашите способности, за кои вие ќе превземете одговорност и посветеност, а ние ќе Ве подржуваме во целиот процес.

Со Вашето вработување во Нашата Компанија станувате дел од успешниот тим професионалци на Градежен Институт МАКЕДОНИЈА АД Скопје, каде ќе можете да ја остварите Вашата визија, креативност, да го примените своето знаење и да изградите успешна кариера.

Истражете ја нашата интернет страница ако сакате да дознаете повеќе за тоа зошто Градежен Институт МАКЕДОНИЈА АД Скопје е одлично место за да ја развивате Вашата кариера.

КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ

Доколку сакате да станете дел од нашиот тим, на тековните огласи можете да аплицирате на следните начини:
Сакате да станете дел од нашиот тим, ви предлагаме три начини како да аплицирате:
• Испратете го вашето CV на hr@gim.mk, наведувајќи притоа за која работна позиција сакате да аплицирате 
• Испратете го вашето CV по пошта на следната адреса:
Сектор за правни работи и човечки ресурси, Градежен Институт МАКЕДОНИЈА АД Скопје, ул.Дрезденска бр.52 општина Карпош, Скопје.
Градежен Институт МАКЕДОНИЈА АД Скопје се грижи за заштита на Вашите лични податоци, како и за нивната доверливост.

ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА И АПЛИКАЦИЈА ЗА ПРАКСА

Градежен Институт МАКЕДОНИЈА АД Скопје нуди можности за студентите и дипломците да ги применат своите академски знаења со извршување на практикантска работа во рамките на нашата Компанија.

mk_MK