КОРПОРАТИВНА ОПШТЕСТВЕНА
ОДГОВОРНОСТ

Нашата стратегија за корпоративна општествена одговорност ни дава јасна насока за практиките кои ги негуваме и имплементираме – развој на нашите
вработени, содавање на услови за работа и творење, посветеност за успешно зачувување на животната средина, како социјалната и економската
одржливост во нашите активности и проекти, кои се во согласност со насоките од иницијативата на Глобалниот договор на ОН.

Веруваме дека нашиот проактивен пристап и етичко однесување можат да придонесат за економски раст и подобрување на квалитетот на животот на нашите вработени, нивните семејства и заедницата во целост.

Ние секојдневно се заложуваме за одржливи градежни практики,
еко-компатибилни градби и структурни решенија, градејќи долгорочни односи со нашите партнери и соработници. Исто така, нашето делување и
општествена одговорност е спрема пошироката заедница и позитивното
влијание врз животната средина.

Корпоративната одговорност на ГИМ е насочена во делување и развој на:

  • Практики за развој во вработените и менаџирање на човечкиот и
    организацискиот капитал во ГИМ
  • Одржливи практики и заштита на животна средина
  • Вложување и поддршка во заедницата

ПРАКТИКИ ЗА РАЗВОЈ НА ВРАБОТЕНИТЕ И
МЕНАЏИРАЊЕ НА ЧОВЕЧКИОТ И ОРГАНИЗАЦИСКИОТ КАПИТАЛ ВО ГИМ

Успехот на ГИМ зависи директно и од успехот и кариерниот развој на нашите вработени, кои се наш највреден капитал.

Се развиваме како организација која учи и посветено работиме да создадеме услови, поттикнувачка работна средина и позитивна организациска култура. Се грижиме нашите вработените да бидат мотивирани, ангажирани и им нудиме можности за професионален и личен раст и развој.

Одржливи практики на вложување во човечкиот и организацискиот капитал во ГИМ се:

  • Создавање на култура на организација која учи и постојано се развива
  • Задржување на нашите талентирани вработени и развивање на нивниот
    потенцијал
  • Менаџирање на кариерните патеки и менторирање на вработените
  • Обуки, семинари, конференции и стручни посети за вработените
  • Градење клима на заедништво, тимска работа и соработка

ПРЕЗЕМИ

ОДРЖЛИВИ ПРАКТИКИ И ЗАШТИТА
НА ЖИВОТНА СРЕДИНА

Нашата цел е да станеме во целост одржлива компанија. Ова значи да функционираме согласно еколошкиот капацитет, почитувајќи ја животната средина и допринесувајќи за развојот на компанијата во која секој има можност за напредување.

Секојдневно се стремиме кон решенија за подобро искористување на енергијата и водата. ГИМ има тенденција на зголемување на енергетската ефикасност, соодветно управување со отпадот и водата како и подигање на еколошката свест.

Одржливи практики за заштита на животната средина во кои ГИМ се заложува се:

  • Развој и имплементација на системи и модели кои водат кон поефикасно користење на природните ресурси, вклучувајќи енергија и вода
  • Инвестирање во нови начини за намалување на влијанието на нашите инженерски активности врз животната средина, вклучувајќи го и одржливото градежништво и еко-компатибилни градби и структурни решенија
  • Промовирање на свесност за потребата од елиминирање на отпад и потребата за рециклирање на материјали, така што тие можат да се користат во идните проекти.
  • Применување на практики за здравје и безбедноста при работа
  • Дигитално градежништво со користење на БИМ софтвер за подобра енергетска
    ефикасност
  • Примена на ISO стандарди за заштитата на животната средина
  • Стратешкото планирање за управување со животната средина (“life-cycle thinking”)
  • Концептот на одржлив развој, со кој се задоволуваат сегашните потреби, при тоа не се загрозува опстанокот на идните генерации и задоволувањето на нивните потреби

ПРЕЗЕМИ

ВЛОЖУВАЊЕ И ПОДДРШКА ВО
ЗАЕДНИЦАТА

Ние инвестираме во нашите заедници преку директни иницијативи како хуманитарна работа, развивање на услуги кои нудат одржливост, имплементирање на оптимални стратегии за управување со ризик и едуцирање на новите генерации со потребните вештини и експертиза во оваа индустрија, со цел да се создадат подобри решенија за нашите заедници и окружувањето.

Одржливи практики на вложување во заедницата во кои ГИМ се заложува се:

  • Вложување во наука и едукација, како највисока форма на општествена одговорност на една организација
  • Поддршка на студентите и средношколците во нивната едукација и кариерен развој
  • Искористување на нашата експертиза и ресурси за развивање решенија за подобро живеење за заедницата и да им помогне на новите генерации во развојот на нивната кариера.
  • Континуирано учество во хуманитарни акции, така што можеме позитивно да допреме до луѓето во нашата заедница

ПРЕЗЕМИ

mk_MK