ПРОФИЛ НА КОМПАНИЈАТА

Градежен институт Македонија е приватна компанија основана во 1975 година, која со традиција од 45 години успешно ја гради својата визија - да се биде водечка компанија во
полето на градежништво преку постојано вложување во иновација и човечки капитал.

Низ годините на своето работење Градежен институт МАКЕДОНИЈА АД Скопје се разви во комплексен деловен систем на светска модерна компанија која денес е лидер на домашниот пазар, но и на Балканот преку своите подружници кои активно делуваат во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово, Албанија.

ГИМ претставува уникатен бренд кој нуди широк опсег на услуги и обезбедува изнаоѓање на комплексни решенија за најсложени проекти во градежништвото: консалтинг во сите фази на проектите (изработка и ревизија на студии, урбанистички планови, проекти, тендери, извештаи, елаборати), надзор и контрола на квалитет при изградба, проектен менаџмент и инженеринг, лабораториска контрола на квалитет на градежни работи и материјали, сертификација на градежни производи, изведба на геолошки, хидрогеолошки и геотехнички истражни работи, изведба на сложени специјалистички работи во градежништвото.

Компанијата брои повеќе од 300 вработени, од кои 155 се инженери (повеќе од 50 од нив се магистри и доктори на науки) од сите профили: градежништво, архитектура, геологија, геодезија, машинство, електротехника, екологија, хемија и технологија. Високата професионалност, стручност и посветеност на кадарот и компетентноста на менаџерскиот тим се гаранција за константен квалитет на услугите и задоволство на клиентите.

ВИЗИЈА

Да се биде водечка компанија во градежништвото во нашата земја и во регионот е нашиот најголем предизвик и приоритет. Нашата визија е одржување на висока транспарентност, професионалност, квалитет и лојалност кон нашите клиенти и соработници, како и креирање на динамична и мотивирачка атмосфера за нашите вработени кои се експерти во својата област, задоволувајќи ги интересите на нашите акционери. Фокусирани сме кон зачувување на животната средина, преку концептот на одржливост, развој и енергетска ефикасност.

МИСИЈА

Нашата мисија е со примена на постојан и одржлив квалитет и технолошки развој, да бидеме регионален лидер во градежништвото. Континуирано да вложуваме во креирање на трајни вредности, преку испорака на иновативни и квалитетни решенија, а со крајна и најважна цел, задоволство на нашите клиенти.

НАША ЕКСПЕРТИЗА

Извршни единици на деловните активности на компанијата се Сектор Продажба и пет Оперативни заводи (Проектирање, Надзор, Геотехника, Лабораторија, Оператива).
Интензивната соработка помеѓу заводите овозможува сеопфатност и квалитет на услугите по кои компанијата е препознатлива и ценета.

Подрачјата на експертиза во кои компанијата ги развива и нуди услугите опфаќаат: високоградба, нискоградба, водостопанство, брани и сложени хидротехнички системи,
заштита и управување со води, енергетика, индустриски технологии, заштита и унапредување на животната средина, геотехника, геологија и хидрогеологија, квалитет на
градежни материјали и производи.

ЛИДЕР ВО ГРАДЕЖНИШТВО

Мисијата на компанијата е со постојан развој да биде регионален лидер во градежништвото и константно да нуди високи вредности на услугите преку испорака на сигурни, квалитетни и иновативни решенија. За таа цел, во континуитет спроведува технолошко – деловна развојна стратегија која се базира на систем на високи вредности на:
професионалност, квалитет, одговорност, етичност, иницијативност и иновативност, тимска работа и високи резултати.

Со таквото работење, компанијата е препознаена и ценета од своите клиенти и деловни партнери – државни и приватни инвеститори, домашни и странски компании,
меѓународни финансиски институции, индустриски и академски институти.

Добитник е на повеќе национални награди и признанија за деловна успешност, иновативни решенија и практики и општествена одговорност.

Иницијатор и учесник во повеќе национални и меѓународни процеси за унапредување на градежниот сектор.

Со цел да го користи своето повеќедецениско искуство и високата стручност на кадарот, Компанијата е основач и сопственик на Научен институт за истражувања во
животна средина, градежништво и енергетика ИЕГЕ. Во комплементарна соработка и синергија на индустриско искуство и научна експертиза на двата института се
реализираат технолошки истражувачко – иновативни проекти финансирани од сопствени, национални и меѓународни фондови.

mk_MK