НАДЗОР

Здружувајки го знаењето во различни инженерски области, големото
искуство и пред се професионалноста при вршење надзор на
најразлични и најсложени инженерски објекти, како и огромното
задоволството на клиентите допринесоа некогашниот сектор за надзор
од 2019год. да прерасне во самостоен завод како составен дел од
големото семејство на Градежниот Институт.

Нашиот искусен инженерски кадар, составен од 45 експерти од разни
област, може ефикасно да врши контрола и надгледува секој аспект од
градежните работи од областа високоградба, нискоградба, хидроградба,
електротехника и машинство, како и да му дава поддршка на
Инвеститорот во администрирањето на договорот со Изведувачот и
неговите Подизведувачи.

Нашиот Надзорски тим во текот на градењето постојано се грижи
Вашиот проект да биде завршен навреме, во рамки на предвидениот
буџет и во согласност со важечките Закони, Правилници, Стандарди за
квалитет и Правилата на струката.

Оддел за нискоградба кој пак е поделен на надзорна група за патишта, геотехника и хидротехника, надзорна група за геодезија и надзорна група за контрола на квалитет, екологија, ППЗ, ХТЗ и БЗР. Овој оддел брои 19 експерти од предвидената област.
Услугите кои заводот надзот Ви ги нуди како наш клиент влучуваат:
• Стручен преглед на целокупната проектна документација, давање на препораки за промени во Проектната документација и Техничките спецификации кои што
би можеле да се покажат потребни или пожелни во текот на работата или би довеле до смалување на трошоците на градбата,
• Пратење на напредокот на изведувањето на работите и предлагање на мерки за избегнување на сите идни доцнења како и можни мерки за надомест на
изгубеното време во реализацијата на Проектот,
• Проверка и утврдување на квалитетот и квантитетот на изведените работи, контрола на месечни и времени ситуации, и финансиско пратење на реализацијата на
Проектот,
• Прегледување и одобрување на сите дополнителни решенија, графички прилози и детали, изготвени од страна на Изведувачот, а кои се неопходни за
изведување или продолжување на работите при градбата,
• Целосна имплементација на проектираните еколошки мерки за заштита, вклучувајќи и предлози за неопходни дополнителни активности за подобрување на
заштитата на животната средина,
• Контрола на квалитетот на сите материјали и производи, предвидени за изведба на работите, како и контрола на квалитетот на изведбата,
• Проверка и давање препораки за адекватноста и автентичноста на сите налози, потврди, ситуации, осигурувања, гаранции, обештетувања, сопственост на
машини итн. за кои е задолжен Изведувачот,
• Вршење на анализа и давање препораки за колиичините, цените и износите на сите непредвидени позиции на работа што можат да се јават во текот на градбата,
• Издавање упатства и налози на Изведувачот за грижа и обезбедување на имотот на Инвеститорот,
• Организирање и подготовка на сите потребни извештаи и документација за Техничкиот преглед на градилиштето, и соработка при издавањето на Потврдата за
примо-предавање,
• Организирање и подготовка на сите потребни документи, извештаи и сл., како и асистирање во постапките при контролата за добивање на МИС1,
• Помагање и активно учествува во процесот на експропријација на земјиштето, како и други аранжмани за предавањето на локацијата на идното градилиште на
Изведувачот,
• Давање предлози за решавање на евентуалните спорови или различни мислења мегу Инвеститорот и Изведувачот во врска со изведувањето на работите,
• Контрола, евиденција и доставување на потребна документација и согласности до Инвеститорот за ослободување од такси, даноци и давачки (ДДВ, царини,
акцизи и др.) дефинирани со Закон.

Оддел за високоградба кој пак е поделен на надзорна група за архитектура и конструкција и надзорна група за електротехника и машинство со вкупно 20 експерти од дадените области.

акцизи и др.) дефинирани со Закон

ТЕКОВНИ ПРОЕКТИ

slika1
АВТОПАТ КИЧЕВО-ОХРИД

Автопатот А2 претставува капитален објект за Северна Македонија и е дел од многу значајниот Пан – Европски Коридор 8 (исток – запад)...

прочитај повеќе >>

slika1
ЛИМАК

ГИМ е ангажиран како надзорен орган на повеќенаменскиот комплекс ‘’Diamond of Skopje’’ во самото срце на градот...

прочитај повеќе >>

slika1
МАКЕДОНСКА ФИЛХАРМОНИЈА

ГИМ изврши надзор на целокупните архитектонски фази за изградба на Македонската филхармонија во Скопје.

прочитај повеќе >>

slika1
БРАНА КОНСКО

Околу 60 отсто од изградбата на еден од најзначајните објекти во „Гевгелиско Поле“

прочитај повеќе >>

mk_MK