Околу 60 отсто од изградбата на еден од најзначајните објекти во „Гевгелиско Поле“ – Браната “Конско” е завршена. Браната „Конско“ е од исклучително значење за наводнувањето на земјоделските површини од овој регион, но оваа брана истовремено има мултифункционална намена.
ГИМ врши надзор на работите за изградба на браната, со придружните објекти.
Техничкото решение за Брана Конско се состои од: камено-насипна брана со асфалт-бетонска дијафрагма, возводен загат во состав на телото на браната, челен преливник, опточен тунел, зафатна кула на темелен испуст – доводен орган, сигурносна затварачница на темелен испуст.
Вкупната градежна висина на браната изнесува околу 78 метри со вкупна кубатура од околу 1375000 м3 и должината на круната околу 330 метри.