ПРОЕКТИРАЊЕ

Врши услуги на изведба на оперативни специјалистички работи од областа на градежништво и геотехника, врши работи на управување со градба на објекти, врши санација на објекти и конструкции, изведува градежно занатски работи, врши работи на изведба на истражно геолошко и хидрогеолошко дупчење, изведба на инекциони работи, изведба на заштита на темелни јами, изведба на бунари, подобрување на почви и санација на свлечишта, врши услуги на подготовки за работа на терен.

href="http://194.149.137.230/gim/wp-content/uploads/2021/11/РЕФЕРЕНТНА-ЛИСТА_proektiranje.pdf"

Одделот Архитектура се специјализирани за изработка на проекти од многу сфери на изградбата на објекти и планирањето на просторот. Дејностите во кои работи одделот се движат од архитектонско проектирање, урбанистичко планирање, ентериери и партерно уредување, до енергетска ефикасност, заштита од пожари, заштита при работа.
Овој оддел е специјализиран за следниве услуги:
• Урбанистичко планирање
• Проектирање на објекти од високоградба
• Изработува идејни архитектонски решенија и идејни архитектонски проекти.
• Изработува проекти за подготвителни работи за сите видови на објекти од областа на Високоградба.
• Изработува проектна документација – основни проекти, основни проекти за реконструкција, надградба, доградба, санација и адаптација на сите видови објекти од областа на Високоградба:
• Врши услуга за аплицирање на електронскиот систем за добивање на одобренија за градење “е – одобрение за градење” и пратење на постапката за одобрување на документацијата.
• Одделот архитектура учествува при проектирањето на сите помошни објекти во хидротехничките, електротехничките објекти и инфраструктурни објекти, како резервоари, брани, пречистителни станици, хидро и термоцентрали, рудници.
• Учествува во изработката на технолошки решенија за индустриски објекти.
• Изработува проекти за партерно уредување.
• Изработува проекти за ентериерно уредување за сите видови на објекти од област на високоградба.
• Изработува проекти за пејсажно уредување и заштита на пејсажот.
• Во состав на Секторот за архитектура се изработуваат Елаборатите за заштита од пожари за сите видови објекти од област на високоградба и инфраструктурните проекти.
• Во одделот архитектура се изработуваат и Елаборатите за заштита при работа за сите видови објекти од област на високоградба и за сите инфраструктурните проекти.
• Изработува проектна документација за реконструкција и санација на објекти со цел постигнување на енергетска ефикасност.
• Изработува технички решенија, технички спецификации и предмер-пресметки
• 3D-моделирање и визуелизација на објекти
• Одделот архитектура врши ревизија на техничка документација основни проекти, проекти за реконструкција, адаптација, доградба, надградба и санација од област на архитектура, за сите видови на објекти од област на високоградба.

Одделот Конструкции обезбедува услуги во областа на испитување на конструкции, изработка на проекти за реконструкција и санација, изработка на проекти за објекти од високоградба, нискоградба, инжинерски објекти, врши комплетна ревизија на техничката документација,обезбедува консултантски услуги за секаков вид на објекти.
Овој оддел е специјализиран за следниве услуги:
• Врши статичко-сеизмички анализи на основните конструкциски компоненти на објектите од високоградба, нискоградба или на друг вид на конструкции,
• Врши анализа и контрола на напрегањата на притисокот, затегањето кои може да се јават во една конструкција од најразлични надворешни влијанија и оптоварувања,
• Ги контролира јакостните карактеристики на вградените или проектираните материјали од кои се изработени конструктивните елементи на дадена конструкција (бетон,челик,дрво,арматура,цигли исл.) како и изработка на технички решенија за евентуална санација или замена на истите,
• Врши испитување на конструкции кај кои постои ризик од нарушување на нивната стабилност или евентуално рушење и советува во врска со мерките што треба да се превземат за да се подобри интегритетот на испитуваната конструкцијата,
• Изготвува софтверски модели за статичко-сеизмички анализи на најразлични видови конструкции,врши комплетна анализа и димензионирање на конструктивните елементи, изработува комплетни графички прилози (кофражни планови, планови на оплата, арматурни детали и детали), спецификации на арматурата, предмер пресметка итн,
• Врши испитувања со пробно товарење на: мостови, вијадукти, крански патеки, спортски трибини, индустриски објекти, кровни конструкции и др.,како и изработка на елеборати од извршените пробни товарења,
• Изработува проекти за санации, зајакнување и реконструкција на сите видови објекти во делот на конструкции,
• Изработува стручни мислења, вештачења, ревизии и експертизи на проектна документација за состојба на конструкции оштетени од неквалитетна изведба, експлоатација, земјотреси, пожари и други видови хаварии,
• Испитува, мери и класифицира појава на евентуални пукнатини во конструкцијата, ги дефинира причините за нивно настанување и дава препораки и технички решенија за нивно санирање,
• Испитува и проектира најразлични челични конструкции,
• Изработува калкулации, стручни мислења, студии, вештачења, проекти и експертизи од областа на градежната физика,
• Применува компјутерска технологија при проектирање за потреби на симулациите,
• Врши реконструкција, адаптација и санација на стопански, станбени и други објекти од високоградба и нискоградба,
• Изработува елаборати за одстранување (уривање) на објекти од високоградба и објекти од нискоградба,
• Врши комплетна санација на објекти оштетени од земјотреси, пожари, експлозии, слегнувања или од дејство на хемиски агресивна средина,
• Изработува основни проекти за заштита на градежни јами,
• Изработува технички решенија за длабоко темелење на инженерски објекти (мостови,вијадукти,подпатници и надпатници),
• Врши ревизија на сложени инженерски објекти согласно важечките стандарди и техничка регулатива.

Одделот Патишта располага со стручен и искусен кадар, овластен за проектирање и ревизија на проекти од I и II категорија од областа на нискоградбата. Опремен со нови технологии, користи современи методи при изготвување на проектната документација во согласност со стандардите и законската регулатива.
Одделот патишта обезбедува услуги од областа на проектирање и ревизија на објекти од нискоградба и геодезија и тоа:
• Изработка на 3D модели на катастарско-топографски планови со положбена и висинска представа на теренот.
• Геодетски мерења при испитување пробно товарење на мостови, следење на вертикалност на антенски столбови, пресметка на земјени маси.
• Изработка на Основни проекти за геодетски работи (изведба на оперативен полигонски влак, проекти за микро мрежи, проекти за обележување на објекти и тн).
• Изработува проекти на ниво на Идеен и Основен проект за: патишта и градски сообраќајници од прва и втора категорија, железнички пруги, пешачки патеки, велосипедски патеки, одлагалишта, партерно уредување, тунели и сл.
• Изработува проекти за рехабилитација и реконструкција на објекти од прва и втора категорија од областа на нискоградбата.
• Изработува Сообраќајни студии, Идеен и Основен проект за сообраќајна сигнализација и опрема.
• Врши испитување, анализа и планирање на градски сообраќајни мрежи.
• Изработува 3D модели, симулации и анимации на објекти од нискоградбата.
• Врши мултикритериумска анализа, физибилити студија, cost-benefit анализа, одредување на капацитет и пропустна моќ на објекти од нискоградба и тн.
• Врши ревизија на проекти од нискоградба и сообраќај, со цел да се изврши контрола и подобрување на проектните решенија во согласност со стандардите и законската регулатива.
• Врши консултантски услуги во областа на проектирањето на објекти од нискоградбата.
• Изработува технички решенија, технички спецификации и предмер-пресметки

Услугите на Одделот Хидротехника вклучуваат:
• Подготвува програми, тендерски и инвестиционо-технички документи за објекти од хидротехника.
• Изработува проектни документации и ревидентски извештаи.
• Врши квантитативен и квалитативен надзор за хидротехнички објекти.
• Учествува во комисии за технички преглед и прием на хидротехнички објекти и објекти од друга фаза во кои се присутни хидроинсталации.
• Организира и посредува во изградба на објекти од хидротехника.
• Изработува студии и проекти за моделирање на реки и отворени водни текови.
• Изготвува проекти и планови за водостопанство, планови за водоснабдување, планови за одвод на води, планови за наводнување.
• Обезбедува услуги за дренирање на патишта: надворешен одвод,канали, пропусти и внатрешен одвод со сливници, колектори,сепаратори итн.
• Обезбедува консултантски услуги во сите фази, планирање, програмирање, идајни проекти, главни и изведбени проекти и надзор при изведба
• Изготвува студии, елаборати, планови и проекти за хидроенергетски системи: хидроелектрани, акумулации, брани, водни градежни објекти и врши надзор при изведба.
• Проектира системи за заштита на поплави, регулација на водотеци на одводни канали, акумулации, брани и водни градежни објекти.
• Изготвува студии, планови и проекти за водни транспортни патишта: пловни патишта, пристаништа и постројки во пристаништа.
• Изготвува студии, планови и проекти за системи за наводнување и системи за превземање на вода и врши надзор при изведба.
• Изготвува планови и проекти за водоснабдување: системи за водоснабдување воградови и населби, објекти за превземање на вода, водоводна мрежа, пумпни станици, резервоари, уреди за кондиционирање и преработка на води.
• Изготвува планови и проекти за канализација: одвод на отпадни и атмосферски води во градови и населби, сифони, подводн и колектори, пумпни станици, структурни објекти на одводни системи.
• Изготвува студии, планови и проекти за заштита на води и водотеци, објекти за заштита на вода,уреди за пречистување на води, водни испусти и слично.
• Обезбедува услуги за докажување на употребливост на цефководи, уреди за кондиционирање на води и уреди за пречистување на отпадни води
• Изготвува решенија за дислокација и заштита на водоводни инсталации и канализации.

Одделот Електротехника и Машинство преку својот тим од електро и машински инженери обезбедува инженерско-консултантски услуги за објекти од високоградба, енергетска и патна инфраструктура, хидроенергетски и објекти за водоснабдување и третман на вода.
Овој оддел е специјализиран за следниве услуги:
• Изработува проектна документација и врши ревизија на проекти во согласност со стандардите и законската регулатива применувајќи ги најдобрите практики во областа на електротехничките и машинско-термотехнички инсталации.
• Подготвува програми, тендерски и инвестиционо-технички документи за објекти од доменот на електротехника и машинство.
• Врши анализа и нострификација на техничка документација на електротехнички и машински проекти.
• Обезбедува инженерско-консултантски услуги во мултидисциплинарните проекти со другите фази при изработка на идејни, основни и изведбени проекти за различни видови објекти.
• Обезбедува инженерско-консултантски услуги при проектантски надзор на објектите од доменот на електротехнички и машинско-термотехнички инсталации.

Услугите на Одделот Животна средина вклучуваат:
• Изработува Елаборати за заштита на животната средина за постоечки и ново планирани проекти од различни области.
• Изработува Студии за оценка на влијанието на проект врз животната средина, односно на одредени проекти од хидротехника, патишта, конструкции, индустриски и други видови објекти.
• Изработува Извештаи за Стратегиска оцена на влијание врз животна средина за планови, програми и останати плански документи и стратегии.
• Изработува физибилити студии (студии за изводливост), планови и проекти во областа на управување со отпад.
• Изработува стратешки документи и планови од област на заштита на животна средина.
• Изработува Планови за управување со животна средина за фаза на подготовка, градење и експлоатација на различни објекти (инфраструктура и индустрија итн)
• Управување и мониторинг со животна средина и социјални аспекти во тек на изградба на проект
• Врши ревизија и изработува мислења за техничка документација од област инженерство и заштита на животна средина.
• Обезбедува консултантски услуги за добивање на еколошки дозволи.
• Изработува проценка и извештај од штета во животна средина.
• Изработува извештаи и мислења за состојба и загадување на површински и подземни води, почва, воздух, емисија и ниво на бучава, итн.
• Изработува Катастар на загадувачи на медиуми на животна средина

ТЕКОВНИ ПРОЕКТИ

slika1
ХЕ ,,Вруток”

Реконструкција, санација на бетонските облоги на Водостанските шахти ХЕ ,,Вруток”према изготвено санационо решение

прочитај повеќе >>

slika1
БРАНА КОНСКО

Околу 60 отсто од изградбата на еден од најзначајните објекти во „Гевгелиско Поле“ – Браната “Конско” е завршена.

прочитај повеќе >>

slika1
Вареш БиХ

Геолошки истражни структурни дупнатини

прочитај повеќе >>

slika1
ТРГОВСКИ ЦЕНТАР EAST GATE

„East Gate“ е трговски центар од новата генерација и дел од најголемиот мултифункционален проект на пазарот на недвижнини во С. Македонија.

прочитај повеќе >>

mk_MK