Проектниот менаџмент претставува процес на планирање, организирање, координирање и контрола на проектите со цел завршување на извесна задача или пак остварување на извесни однапред дефинирани цели.
Услугите од Проектен менаџмент се базираат на примена на основните постулати опишани во PMBOK Guide (Водич за Проектен менаџмент) и интернационалниот стандард МКС EN ISO 21500 за насоки за управување со проекти кои подразбираат стандардизиран професинален пристап кон проектите и развивање на методологија која се применува во проектниот менаџмент.