РЕК БИТОЛА

РЕК БИТОЛА

Предмет на обработка на овој проект е објектот: Заштитно корито на р.Црна во зона на зафат за снабдување на РЕК Битола со сирова вода, поточно бетонското корито под браната од десната страна на течението од р.Црна.

Овој проект, согласно проектната задача има за цел да изврши санација на констатираните мистимично видливи оштетувања на бетонското корито и да обезбеди конструктивно безбеден и функционален објект.

Водата од р.Црна се зафаќа во временски период од 9 месеци кога во неа има дотоци на вода поголеми од 1,0 m3/s. Пумпната станица се состои од успорна градба (брана) и 6 пумпи. Успорната градба се состои од три столба, симетрично поставени во минор корито и подвижни елементи (затварачи) кои го обезбедуваат потребниот успор. Уклопувањето на коритото со правоаголен попречен пресек со постоечкото корито на р.Црна е извршено со два преодни делови (узводен и низводен) со должина од 20 m. Кај узводниот и низводниот дел е извршена промена на ширината на дното од 18,5 m на 18,0 m.

mk_MK