ГИМ СЕРТИФИКАЦИЈА

ГИМ Сертификација е независно тело за сертификација на градежни производи во рамките на Градежен институт МАКЕДОНИЈА. Тоа е првото акредитирано
тело за сертификација на градежни производи според барањата на МКС EN ISO/IEC 17065:2012 кое својата акредитација ја доби во 2016 год. Истата година
во согласност со Законот за градежни производи (Сл. Весник 104/2015 год) е именувано од страна на Министерството за економија на РМ како тело за
сертификација на производ и тело за сертификација на контрола на фабричко производство.

ЦЕМЕНТ

Пуштањето на цемент на пазарот во Северна Македонија е регулирано со Законот за градежни производи. Производителите или нивните претставници се единствено одговорни за сообразноста на своите производи со овој Закон.
Системот за оцена и проверка на постојаност на својствата е 1+, што значи дека е потрено ангажирање на тело за сертификација на производ. ГИМ Сертификација во опсегот на својата акредитација врши сертификација на цементи опфатени со следниот стандард:

Цемент – Дел 1: Состав, спецификации и критериуми за
сообразност за обичен цемент

ЧЕЛИК ЗА
АРМИРАЊЕ
И ПРЕДНАПРЕГАЊЕ

ГИМ Сертификација е единственото акредитирано тело за сертификација на челик за армирање на бетон. Системот за оцена и проверка на постојаност на својствата е 1+.

 

Во нехармонизираното подрачје ГИМ Сертификација врши сертифицирање на производите опфатени со следните стандарди:

Челик за армирање бетон – Челик за армирање што може да се се заварува – Општо

Челик за армиран бетон: прачки, котури и производи добиени со одмотување на котури-карактеристики

Преднапрегнати челици – Дел 1: Општи барања, 2009

Преднапрегнати челици – Дел 2: Жица, 2009

Преднапрегнати челици – Дел 3: Јажиња

Преднапрегнати челици – Дел 4:Шипка, 2009

ПРОИЗВОДИ И СИСТЕМИ ЗА
ЗАШТИТА И ПОПРАВКА
НА БЕТОНСКИ КОНСТРУКЦИИ

Серијата стандарди МКС EN 1504 ги опфаќа сите аспекти од поправката и/или процесот на заштита на бетонските конструкции почнувајќи од принципите за поправка, прецизна дијагноза на причините кои довеле до оштетување, барањата за перформансите на производите, контролата на фабричкото производство, оцената на сообразност. ГИМ Сертификација за системот на оцена и проверка на постојаност на својствата 2+ врши сертификација на производи опфатени со следните стандарди:

Производи и системи за заштита и поправка на бетонски конструкции – Дефиниции, барања, контрола на квалитет и оцена на сообразност – Дел 2: Системи за површинска заштита на бетон

Производи и системи за заштита и поправка на бетонски конструкции – Дефиниции, барања, контрола на квалитет и оцена на сообразност – Дел 3:Поправка на конструктивни и неконструктивни елементи

Производи и системи за заштита и поправка на бетонски конструкции – Дефиниции, барања, контрола на квалитет и оцена на сообразност – Дел 4: Конструктивно поврзување

Производи и системи за заштита и поправка на бетонски конструкции – Дефиниции, барања, контрола на квалитетот и оцена на сообразност – Дел 5: Инјектирање бетон

Производи и системи за заштита и поправка на бетонски објекти – Дефиниции, барања, контрола на квалитет и ниво на усогласеност – Дел 6: Челични арматурни шипки и анкери

Производи и системи за заштита и поправка на бетонски објекти – Дефиниции, барања, контрола на квалитет и ниво на усогласеност – Дел 7: Заштита на арматура од корозија

AДИТИВИ ЗА
БЕТОН

Стандардите од серијата МКС EN 934 се хармонизирани стандарди во кои се дефинирани барањата за сообразност на адитивите за бетон, малтер и инекциони маси кои треба да бидат исполнети пред тие да бидат пуштени на пазар.

ГИМ Сертификација за системот на оцена и проверка на постојаност на својствата 2+ врши сертификација на производи опфатени со следните стандарди:

Адитиви за бетон, малтер и инекциона смеса – Дел 2: Адитиви за бетон – Дефиниции, барања, сообразност, обележување и означување

Адитиви за бетон, малтер и инјекциона смеса – Дел 3: Адитиви за ѕидарски малтер – Дефиниции, барања, оцена и обележување и етикетирање

Адитиви за бетон, малтер и инекциона смеса – Дел 4: Адитиви за инекциона смеса за преднапрегнати кабли – Дефиниции, барања, сообразност, обележување и означување

Адитиви за бетон, малтер и инјекциска смеса – Дел 5: Адитиви за прскан бетон – Дефиниции, барања, сообразност, обележување и означување

БЕТОН

Бетонот како градежен производ во согласност со националниот стандард МКС 1016:2018+A1:2020, Бетон – Спецификација, својства, производство и сообразност – Правила за употреба на МКС EN 206:2014+A1:2017 спаѓа во систем за оцена и проверка на постојаност на својствата 2+. Оцената на сообразност на бетон се врши според барањата на следните стандарди:

Бетон – Спецификации, својства, производство и сообразност,

Бетон – Спецификација, својства, производство и сообразност – Правила за употреба на МКС EN 206:2014+A1:2017

АСФАЛТ

Асфалтот како градежен производ подлежи на систем за оцена и проверка на својствата 2+. Системот за оцена и проверка на постојаност на својствата е даден во ZA Анексите на серијата стандарди од МКС EN 13108-1 до МКС EN 13108-8.

ГИМ Сертификација во опсегот на својата акредитација врши сертификација на битуменски мешавини опфатени со следните стандарди:

Битуменски мешавини – Технички услови за метеријали – Дел 1: Асвалт бетон

Битуменски мешавини – Спецификации за материјалите – Дел 2: Асфалт бетон за многу тенки слоеви (BBTM)

Битуменски мешавини-Технички услови за материјали-Дел 3: Мек асфалт

Битуменски мешавини-Технички услови за материјали-Дел 4: Топло валан асфалт

Битуменски мешавини-Технички услови за материјали-Дел 4: Топло валан асфалт

Битуменски мешавини – Спецификации за материјалите – Дел 5: Скелетен Асфалт (SMA)

Битуменски мешавини – Спецификации за материјалите – Дел 6: Мастикс асфалт (лиен асфалт)

Битуменски мешавини – Технички услови за материјали – Дел 7: Порозен асфалт

ЅИДАРСКИ ЕДИНИЦИ

Ѕидарските единици како градежен производ се класифицирани во систем за оцена и проверка на постојаност на својствата 2+. Системот на оцена и проверка на постојаноста на својствата е одреден во ZA Анексите на серијата стандарди од МКС EN 771.

ГИМ Сертификација во опсегот на својата акредитација врши сертификација на ѕидарски единици во согласност со следните стандарди:

Спецификација за ѕидарски единици – Дел 1: Ѕидарски единици од глина

Спецификација за ѕидарски единици – Дел 2: Ѕидарски единици од калциум силикат

Спецификација за ѕидарски единици – Дел 3: Ѕидарски единици од агрегатен бетон (Густи и лесни агрегати)

Спецификација за ѕидарски единици – Дел 4: Ѕидарски единици од автоклавиран аериран бетон

Спецификација за ѕидарски единици – Дел 5: Ѕидарски единици од обработен камен

Спецификација за ѕидарски единици – Дел 6: Ѕидарски единици од природен камен

АГРЕГАТ И
КАМЕН

Агрегатот како градежен производ подлежи на систем за оцена и проверка на постојаност на својствата 2+. Системот на оцена и проверка на постојаност на својствата е одреден во ZA Анексите на следните стандарди:

Агрегати за бетон

Агрегат за битуменски мешавини и површински обработки за патишта, аеродроми и други сообраќајни површини,

Агрегат за битуменски мешавини и површински обработки за патишта, аеродроми и други сообраќајни површини,

Лесни агрегати

Малтерни маси

Малтерни маси

Агрегати за неврзани и за хидраулички врзани материјали, кои се користат во градежништвото и во изградбата на патишта

Делкан камен – Дел 1: Спецификација

Делкан камен – Дел 1: Спецификација

Агрегати за железнички товар

Агрегати за железнички товар

ЅИДАРСКИ МАЛТЕР

Малтерите за ѕидање како градежен производ спаѓаат во систем за оцена и проверка на постојаност на својствата 2+ и тој е одреден во ZA Анексот на стандардот од МКС EN 998-2. ГИМ Сертификација врши сертификација на ѕидарски малтери според барањата на

Спецификација за малтер во ѕидарство – Дел 2: Ѕидарски малтер

mk_MK