Оддел за нискоградба кој пак е поделен на надзорна група за патишта, геотехника и хидротехника, надзорна група за геодезија и надзорна група за контрола на квалитет, екологија, ППЗ, ХТЗ и БЗР. Овој оддел брои 19 експерти од предвидената област.
Услугите кои заводот надзот Ви ги нуди како наш клиент влучуваат:
• Стручен преглед на целокупната проектна документација, давање на препораки за промени во Проектната документација и Техничките спецификации кои што
би можеле да се покажат потребни или пожелни во текот на работата или би довеле до смалување на трошоците на градбата,
• Пратење на напредокот на изведувањето на работите и предлагање на мерки за избегнување на сите идни доцнења како и можни мерки за надомест на
изгубеното време во реализацијата на Проектот,
• Проверка и утврдување на квалитетот и квантитетот на изведените работи, контрола на месечни и времени ситуации, и финансиско пратење на реализацијата на
Проектот,
• Прегледување и одобрување на сите дополнителни решенија, графички прилози и детали, изготвени од страна на Изведувачот, а кои се неопходни за
изведување или продолжување на работите при градбата,
• Целосна имплементација на проектираните еколошки мерки за заштита, вклучувајќи и предлози за неопходни дополнителни активности за подобрување на
заштитата на животната средина,
• Контрола на квалитетот на сите материјали и производи, предвидени за изведба на работите, како и контрола на квалитетот на изведбата,
• Проверка и давање препораки за адекватноста и автентичноста на сите налози, потврди, ситуации, осигурувања, гаранции, обештетувања, сопственост на
машини итн. за кои е задолжен Изведувачот,
• Вршење на анализа и давање препораки за колиичините, цените и износите на сите непредвидени позиции на работа што можат да се јават во текот на градбата,
• Издавање упатства и налози на Изведувачот за грижа и обезбедување на имотот на Инвеститорот,
• Организирање и подготовка на сите потребни извештаи и документација за Техничкиот преглед на градилиштето, и соработка при издавањето на Потврдата за
примо-предавање,
• Организирање и подготовка на сите потребни документи, извештаи и сл., како и асистирање во постапките при контролата за добивање на МИС1,
• Помагање и активно учествува во процесот на експропријација на земјиштето, како и други аранжмани за предавањето на локацијата на идното градилиште на
Изведувачот,
• Давање предлози за решавање на евентуалните спорови или различни мислења мегу Инвеститорот и Изведувачот во врска со изведувањето на работите,
• Контрола, евиденција и доставување на потребна документација и согласности до Инвеститорот за ослободување од такси, даноци и давачки (ДДВ, царини,
акцизи и др.) дефинирани со Закон.