БРАНА СТРУГАНИК – СРБИЈА

БРАНА СТРУГАНИК - СРБИЈА

Целта на изградбата на браната „Струганик“ со придружните објекти во близина на Ваљево, Република Србија, е заштита на Колубарскиот басен од поплави, за водоснабдување, како и за наводнување на земјоделските површини во тој регион. Проектот е финансиран од Европската Унија преку IPF / WBIF-пакетите, а корисник е ЈП за водостопанство „Србијаводе“.
Првата фаза во изработката на Студијата за физибилност и идеен проект за браната се геотехничките истражувања и испитувања на преградниот профил на локациите на придружните објекти, како и на акумулациониот простор. Предвидени се комплексни геоистраги, како што следува: изведба на истражни дупнатини, инженерско-геолошко картирање на теренот, вградување на пиезо¬метри, геофизички испитувања и разновидни лабораториски испитувања.
Бидејќи идната акумулација ќе биде непосредно до културно-историскиот споменик кој е од големо значење, во „Пештера Шалитрена“, во јуни 2023 година, беа извршени геофизички испитувања од страна на Градежен институт Македонија, при што се користени повеќе методи: томографија со електрична отпорност (ERT), сеизмичка рефракција и повеќеканална анализа на површински бранови (MASW).

en_US