ОПШТА БОЛНИЦА – КОЧАНИ

РЕКОНСТРУКЦИЈА И АДАПТАЦИЈА НА ОПШТА БОЛНИЦА - КОЧАНИ

ГИМ изработи Проектна документација чиј предмет е реконструкција и адаптација на градската болница во Кочани со примена на пропишаните стандарди и нормативи за општа болница, согласно барањето на инвеститорот како и максимално почитување на градежно техничките прописи инкорпорирани во градежната регулатива. Инвеститор во проектот е Министерството за здравство при Влада на РСМ, а донатор УНДП.

Со изработената проектна документација предвидена е можност за спроведување на реконструкција на објектот со цел постигнување на Енергетска ефикасност на објектот и адаптација на еден дел од болницата како Ковид центар со амбулантно и болничко лекување. Делот од објектот кој се адаптира е со површина од 360м², притоа сите зафати и интервенции се предвидени без менување на урбанистичките показатели за објектот.

mk_MK