ГИМ беше задолжен за изведба на инекциона завеса на брана Медош во БиХ која опфати инекциони работи на неколку делници на завеса со длабина до 40м со комбинирана излезно-слезна метода. Инекционите работи се одвиваа внатрешно од инекциона галерија, како и надворешно по боковите на бетонската брана, а се со цел подобрување на противфилтрационите карактеристики на преградното место и обезбедување на подобра стабилност.