НАДЗОР – ДЕТСКА ГРАДИНКА

СТРУЧЕН НАДЗОР НА РАБОТИТЕ - ДЕТСКА ГРАДИНКА ВО СЕЛО ЈОСИФОВО

Во село Јосифово, Општина Валандово се изгради градинка со среден капацитет во која има 3 занимални за различни возрасни групи од јасли до шест години, а според проектната програма максималниот капацитет на оваа градинка е 50 до 60 деца. Парцелата има вкупна површина од 1747.46м², додека бруто површината на објектот е 410м². Детската градинка е лоцирана на североисточниот дел на предметната парцела, на тој начин се обезбедува доволен простор за потребен паркинг и што поголем двор за игра на децата. Дворот за игра во кој се наоѓаат справи за групно играње на деца се протега на западниот дел од парцелата. Во текот на реализацијата на проектот, ГИМ изврши стручен надзор на работите од фаза архитектура, градежни конструкции, машинство и електрика.

mk_MK