Станбено–деловен објект

Изградба на станбено – деловен објект во Подгорица

Градежен Институт Македонија – ГИМ, преку својата подружница во Црна Гора, ДОО “Градежен Инситут Монтенегро” започна со градежни активности – Изградба на станбено – деловен објект, лоциран на Урбанистичките парцели Ц3 и Ц4, Нова Варош, Подгорица, а на КП 3487/1 и КП 3487/2.

Зградата е поставена паралелно на главната улица, преку која се реализира пешачки и автомобилски пристап. На јужната страна парцелата има поглед кон реката Рибница, од западната страна граничи со Центарот за Социјална работа, а од источната со објект со мешовита намена.

Локацијата е извонредна, во непосредна близина на строго централно градско подрачје, со пристап до зелени парковски површини и Основно Училиште.

Теренот на локацијата е со голем пад кон реката, па поради тоа пејзажното уредување е предвидено да се реши во каскади. Се предвидува различно ниско и високо зеленило во јужниот дел на парцелата, додека пак северниот дел се уредува како пристапен плочник, со декоративно ниско зеленило.

На приземното ниво предвидени се деловни содржини, ориентирани кон две страни, пристап од улица, и директен поглед кон река Рибница.

Зградата е со катност П+3, односно има три станбени нивоа, на секој од нив по 5 (пет) станбени единици, односно вкупно 15 (петнаесет) станбени единици. Четири од петте станбени единици се ориентирани кон реката, и сите деловни единици. Паркирањето е решено на подземни нивоа, делумно на сутеренско ниво – кое целосно отворено кон реката и целосно подземно ниво.

Објектот е испроектиран како современ функционален објект, кој во целост ги задоволува барањата и потребите на денешното урбано живеење.

mk_MK