Во рамките на своите многубројни активности, секторот за Хидрогеологија при Градежен институт Македонија изработува елаборати за заштитни зони на изворишта за водоснабдување.
Во текот на 2023 год., меѓу останатите, е изработен Елаборат за определување на граници на заштитни зони околу извориштата за водоснабдување на Град Охрид. Во овој Елаборат дефинирани се зоните на заштита, забраните и ограничувањата, како и мерките на заштита во рамки на заштитните зони.
Станува збор за повеќе изворишта – извори и бунари, каде што, во согласност со законската регулатива, се определени три зони на заштита, и тоа: прва (потесна) заштитна зона (зона на строг санитарен надзор), втора (широка) заштитна зона (зона на санитарно ограничување) и трета (поширока) заштитна зона (зона на хигиенско-епидемиолошко следење и набљудување).