КУМАНОВО – БЕЉАКОВЦЕ

ЖЕЛЕЗНИЧКА ПРУГА КУМАНОВО – БЕЉАКОВЦЕ

Градежен институт Македонија склучи тековен договор со изведувачот „СТРАБАГ А.Г.“ – Скопје за проектански услуги со сите фази за изработка на делови од проектната документација со ревизија за потребите на проектот, изведба на железничка пруга на Коридор 8, фаза 1, делница: Куманово – Бељаковце со вкупна должина од околу 31 км.
Исто така, Градежен институт Македонија веќе една година работи како теренска лабораторија и прави тековни испитувања на свеж и оцврснат бетон, како и тековни испитувања на употребливост на земјени материјали и геомеханички испитувања на изведени слоеви при реконструкција на делницата Куманово ̶ Бељаковце како дел од Коридорот 8. Покрај споменатите активности, Градежен институт Македонија изврши дополнителни истраги на потпатник 44, мост 54 и железничка станица Куманово, на веќе споменатата, железничката пруга Куманово – Бељаковце.

mk_MK