ЗАШТИТНИ ЗОНИ НА ИЗВОРИШТА ЗА ВОДОСНАБДУВАЊЕ

ЗАШТИТНИ ЗОНИ НА ИЗВОРИШТА ЗА ВОДОСНАБДУВАЊЕ

Со цел заштита на водите на одредено извориште за водоснабдување на населението, ГИМ во соработка со ЈЗУ „Институт за јавно здравје“ изработува соодветни Елаборати за одредување на границите на заштитните зони на извориштата. Како Инвеститори, односно баратели на овие Елаборати се најчесто Општините, поточно Јавните водоснабдителни претпријатија кои се формирани од страна на самите Општините.

Во тековната 2022 година изработени се елаборати за одредување на граници на заштитни зони на извориштата за водоснабдување за неколку Општини и тоа: Маврово и Ростуше, Дојран, Богданци, ТИРЗ Прилеп, изворот Студенчица. Како најзначајно се издвојува дефинирањето на заштитни зони на изворот Студенчица од кој со вода за пиење се снабдуваат дури 7 општини, како и РЕК Осломеј кој од овој извор се снабдува со технолошка и санитарна вода. Потребата за заштита на изворот Студенчица произлегува од можното влијание на паркот на ветерни електрани што се гради на планината Бистра врз квалитетот на подземните води.

mk_MK