ИНТЕГРАЛ ИНЖЕНЕРИНГ

ИНТЕГРАЛ ИНЖЕНЕРИНГ

Oд страна на Изведувачот на градежните работи Integral Inženjering, во периодот 2015 – 2020 год. ГИМ беше ангажиран на изведба на геотехнички теренски истражни работи, геофизички испитувања, вградување на инклинометарски конструкции, лабо¬раториски испитувања, како и геотехничко проектирање на повеќе локации во Република Србија, како што следува:
2015 – 2017: Изведба на геотехнички истражувања и испитувања вдолж неколку секции од новиот автопат Е-75 на Коридорот X, делница: Царичина долина – тунел Манајле, LOT 5 (траса и мостови);
2016: Проектирање на два потпорни ѕида (D6 и D7) со висина поголема од 14 m за стабилизација на усекот Кучајска долина (стационажи: km 891+095 – km 891+300 и km 891+625 – km 891+778). Автопат Е-75 на Коридорот X, делница: Царичина Долина – тунел Манајле;
2018 – 2020: Изведба на геотехнички истражувања и испитувања и вградување и мониторинг на инклинометарски конструкции за санација на косините бр. 2, 3, 4 и 5 на новиот автопат Е-75 на Коридорот X, делница: Грделица – Царичина долина, LOT 1: Горње Поље – тунел Предејане (траса и мостови);
2018: Изведба на геотехнички истражувања и испитувања за санација на свлечиште во зоната на косината на стационажа km 65+100 – 65+550 од новиот автопат Е-80 Ниш – Димитровград, делница 5а: Чифлик – Станичење;
2018: Изведба на геотехнички истражувања и испитувања за санација на свлечиште во зоната на тунелот Сарлах на стационажа km 72+250 – 72+510 од новиот автопат
Е-80 Ниш – Димитровград.

mk_MK