ЛУКА БАР ЦРНА ГОРА

ЛУКА БАР ЦРНА ГОРА

ГИМ изведува неколку проекти во рамките на објектот Оперативна обала Волујица како составен дел на Лука Бар во Црна Гора.

Во текот на реализацијата на проектите во септември 2012 година беше изработен елаборат за детално снимање и оцена на носивоста и стабилноста на конструкцијата на оперативната обала.

Дополнително, изработен е основен проект за санација и зајакнување на носивата конструкција од оперативната обала во 2019 година, како продолжение на претходно изработениот елаборат.

Сите дефинирани решенија во проектот се поткрепени со соодветна статичко-сеизмичка анализа и соодветен предмер и пресметка на чинење на санацијата. Проектот е ревидиран и прифатен од Инвеститотрот AD Luka BAR.

Завод проектирање во ГИМ работи на основниот проект за продолжување на оперативната обала за дополнителни 166 метри.

mk_MK