ТЕКОВНА ЛАБОРАТОРИЈА – ГРАНД

ТЕКОВНА ЛАБОРАТОРИЈА ПРИ ИЗГРАДБА НА СТАНБЕНО-ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ – ГРАНД

ГИМ оствари соработката со МГ ФЕШН ДОО како тековна лабораторија при изградба на комплексот Гранд Скопје. Комплекс со мешана намена и објекти кои се карактеризираат со високо квалитетна архитектура, со архитектонски израз кој ќе остави впечатлив белег на градот Скопје, Гранд Скопје нуди одлична средина за софистицираните вкусови на остроумните жители и напредните компании, кои се во потрага по современ простор, со услуги на дофат и локација со модерна инфраструктура. Станбено-деловниот објект – ГРАНД е позициониран во строгиот центар на градот. Комплексот Гранд Скопје има за цел да ја трансформира локацијата во главна градска артерија со што ќе ја редефинира урбаната слика на центарот, ќе го заживее градскиот дух и ќе прерасне во ново обележје на градот.

mk_MK