ФАБРИКА ВО ТИРЗ СКОПЈЕ

ФАБРИКА ВО ТИРЗ СКОПЈЕ

Градежен институт Македонија и „ТЕКНОПАНЕЛ ДООЕЛ“ ̶ Скопје потпишаа договор за меѓусебна соработка при реализација на изградбата на фабрика во ТИРЗ Скопје. Целта на меѓусебната соработка е поддршка на инвеститорот и главниот Изведувач при реализациіата на овој проект со изработка на технички „due diligence“ и мониторинг на проектно финансирање со изработка на извештаи.
Фабриката „ТЕКНОПАНЕЛ“ во ТИРЗ Скопје во овој момент претставува една од поголемите фабрики која што се гради на територијата на Република Северна Македонија и планирано е таа да биде пуштена во употреба во првата половина на 2024 година.

mk_MK