Фотонапонска централа Осломеј

Фотонапонска централа Осломеј

Градежниот Институт Македонија А.Д. Скопје и ФОРТИС ЕНЕРГЕТИКА ФОТОНАПОНСКИ ЦЕНТРАЛИ ДООЕЛ Скопје потпиша договор за меѓусебна соработка при реализација на изградбата на Фотонапонска централа Осломеј со капацитет од 50 MW.

Целта на меѓусебната соработка е поддршка на инвеститорот и главниот изведувач при реализацијата на овој проект со изработка на технички “due diligence” и мониторинг на проектно финансирање со изработка на извештаи од напредок на проектот.

Фотонапонската централа Осломеј во овој момент преставува најголемата централа со капацитет од 50 MW која што се гради на територијата на Р.С. Македонија и истата е планирано да биде пуштена во употреба во првата половина на 2023 година.

mk_MK