ХЕ ВРУТОК

ХЕ Вруток

Водостанскиот јазел претставува дел од доводниот систем на води за потребите на ХЕ “Вруток”. Во склоп на овој јазел постојат три вертикални водостански шахти и тоа: Стара (Тољанска) шахта, Јеловска шахта и Шарска шахта.

Во тек на експлоатација на водостанските шахти доаѓа до оштетувања на бетонските облоги на трите шахти, каде постепено прогресираат, а со тоа и зголемување на загубите на вода.
Затоа во две сезони од по два месеци (Септември-Октомври 2020 и 2021г) беше извршена реконструкција и снација на бетонските облоги на трите шахти.

Првично на сите три шахти беше извршено санција на бетонската облога, односно затварање на сите пукнатини и сегрегирани места, а потоа се изврши контактно и консолидационо дупчење и инјектирање. По успешната извршена санација се пристапи кон облагање на шахтите со челичен лим по цела висина.

Со ваквата реконструкција на шахтите се изврши комплетно стопирање на сите продори на вода, односно престанаа загубите на вода.

mk_MK