ГИМ вршеше Надзор на Целосна реконструкција на мост на река Брегалница на регионален пат Р-1309 делница Кочани-Зрновци. Стариот мост кој беше сериозно оштетен, комплетно беше урнат и на негово место се изгради нов мост во должина од 86 метри.
Со пуштањето во употреба на мостот е одбележано завршувањето на транспортната компонента од Програмата на Европската унија за санација на штетите од поплавите во 2015 година, за која беа обезбедени 10 милиони евра, а во која што мостот во Зрновци, беше и најголем проект од Програмата имплементирана од УНДП.