ЖЕЛЕЗНИЧКА ПРУГА КРИВА ПАЛАНКА

ЖЕЛЕЗНИЧКА ПРУГА КРИВА ПАЛАНКА

Глобалната цел на Проектот е: подобрување на железничката инфраструктура долж TEN-T Core Network Extension кон Западен Балкан, преку воспоставување оперативен континуитет и отво¬рање нови можности за интегрирана и одржлива економија и социјален раст на регионот.
Проектот е финансиран од Европската инвестициска банка (EIB) и Европската банка за обнова и развој (EBRD) – во рамките на IPF / WBIF-програмите, имплементатор на Проектот е Делегацијата на Европската Унија во Скопје (EUD), додека корисник е „ЈП за железничка инфраструктура Железници“ на Република Северна Македонија.
Во овој Проект беа вклучени Заводите Геотехника, Оператива и Лабораторија на Градежен институт Македонија, кои бараните масивни геотехнички истраги ги завршија за исклучително краток рок од само 5 (пет) месеци (17 мај – 17 октомври, 2023 год.).

mk_MK