• Врши испитувања од областа на градежна хемија
• Врши испитувања на вода за подготовка на бетон
• Изработува студија за хемиска агресија од природни почви и подземни води врз конструкција
• Изработува комплетна студија за боја за хоризонтална сигнализација
• Испитува бетонски префабрикувани елементи (бетонски улични рабници, бетонски парковски рабници, бетонски цевки, бехатон плочки, столбови, каналети, шахти)
• Недеструктивни испитување на бетон во конструкција со склерометар и ултразвук
• Деструктивни испитувања на бетон во конструкција со вадење на бетонски јадра
• Испитување на специјални бетони (СЦЦ, лесен бетон, тежок бетон, прскан бетон, ваљан бетон, хидротехнички бетон, бетон за коловозни конструкции и високовредни бетони)
• Комплетно испитување на СЦЦ бетон ( U-box, L-box, J-ring)
• Комплетно испитување на прскан бетон (утврдување на иницијални јакости со помош на пенетрометар, рани јакости со hilti metod, конзистенција на свеж прскан бетон) како и комплетно утврдување на типот на прскан бетон согласно неговата намена
• Дизајнирање на рецептури со изработка на претходни лабораториски испитувања за сите типови на бетони (обични, пумпани, СЦЦ, лесени бетони, тешки бетони, прскани бетони, ваљани бетони, хидротехнички бетони , бетони за коловозни конструкции и високовредни бетони)
• Дизајнирање на рецептури за префабрикувани елементи
• Комплетно дизајнирање на рецептури за инекциони маси со претходни лабораториски испитувања на физичко-механички карактеристики, јакосни карактеристики, издвојување на вода, промена на зафатнина, проточност, отпорност на мраз.
• Извршува комплетни лабораториски и теренски испитувања на свеж бетон Конзистенција,( Slump test, ВБ Тест, распростирање, степен на збиеност), определување на присуство на пори во свеж бетон.
• Извршува комплетни лабораториски и теренски испитувања на оцврснат бетон како Јакост на притисок, јакост на затегање при цепење, јакост на затегање при совиткување, јакост на затегање при смолкнување
• Извршува испитувања на специјални и реолошки својства на бетон како Отпорност на бетонот на мраз, отпорност на бетонот на мраз и соли за одмрзнување, водонепропусност на бетон, абење на бетон, модул на еластичност, отпор на лизгање, собирање на бетон.
• Изработува Проект на бетон за сите типови на објекти од нискоградба, високоградба и хидроградба.
• Изработува програма за квалитет на бетонски и армирано бетонски конструкции за сите типови на објекти од нискоградба, високоградба и хидроградба.
• Изготвува технологија на вградување и нега на сите типови на бетони и бетонски конструкции
• Испитува челик и челични конструкции (челик за армирање, челични профили, арматурна мрежа и челични јажиња)
• Врши испитување на ниво на бучава во животна средина
• Врши испитување на концентрација на суспендирани честички во воздух
• Испитува префабрикувани гредички од глинени елементи за изработка на меѓукатни односно тавански конструкции и утврдува носивост врз основа на мерење на локални и општи деформации до лом
• Испитува мостови со пробно товарење врз основа на мерење на локални, општи деформации, динамички карактеристики и други механички својства
• Испитува конструкции и елементи од високоградба со пробно оптоварување, врши мерење на локални и општи деформации, динамички карактеристики, сила на лом и други механички карактеристики.
• Комплетно испитување на сите типови на цементи ( определување на јакост, хемиска анализа, време на врзување, постојан волумен, финост)
• Врши испитувања на композитни пластични материјали
• Комплетно испитување на керамички плочки (димензионален квалитет и квалитет на површината, впивање на вода, привидна порозност,привидна релативна густина, запреминска маса, цврстината на совиткување, носивост, отпорноста на удар со мерење на коефициентот на отскок, абразија на глазираните плочки, отпорноста на топлотен шок, ласавост, смрзнување, хемикалии, дамки, излачување олово и кадмиум од глазираните плочки)
• Комплетно испитување на малтери (одредување на запреминска маса, јакост на притисок, атхезија, атхезија после третирање на различни температури, капиларно водовпивање, продор на вода по водовпивање, паропропусност, отворено време на работа, содржина на хлориди растворливи во вода, содржина на вовлежен воздух, конзистенција со пенетрација, конзистенција со потресен стол, време за корекции )