Отпорно Скопје

Отпорно Скопје

Изработката на Студија дел од Проектот “Отпорно Скопје: поголема одржливост и иновации за справување со климатските промени”, кој опфаќа поголем број на активности. Нарачател на работите е УНДП, по иницијатива на Град Скопје.

Студијата претставува сумарен Хидрогеолошки Документ кој ја проучува, обработува и анализира скоро целата расположива документација од оваа област за конкретниот регион. Како финален документ истиот дава преглед на хидрогеолошките карактеристики на теренот, смерници за рационално стопанисување, искористување, заштита и управување со подземните води во регионот. Ги детектира слабостите и нуди решенија за подобрување на состојбите. Ваквата Студија е од голема корист за долгорочно одржливо и рационално користење и задоволување на потребите на идните корисници. Претставува и добра помошна алатка за олеснување на надлежните институции во управувањето со овој “невидлив”, но мошне значаен ресурс.

mk_MK