ГРАДИНКА – ОПШТИНА ЛИПКОВО

ГРАДИНКА - ОПШТИНА ЛИПКОВО

Во текот на изминатите 2 години, Градежен институт Македонија вршеше стручен надзор од почетокот на изведбата со воведување до извршениот технички преглед на објект за предучилишна возраст во село Матејче, Општина Липково, со капацитет од 102 згрижени деца, организирани во згрижувачко-воспитни групи од јасли до шест години во 6 занимални. Оваа инвестиција е финансирана од Светска банка преку проектот за подобрување на социјалните услуги при Министерството за труд и социјална политика.

mk_MK