ИНДУСТРИСКИ ОБЈЕКТ – WABTEC

ПРОЕКТИРАЊЕ НА ИНДУСТРИСКИ ОБЈЕКТ - WABTEC

За потребите на светски познатата корпорација Wabtec ГИМ изработува основен проект за нова фабрика во рамките на ТИРЗ Скопје 2. Поради големината на планираните содржини на проектот, планирано е четири парцели да се спојат во една голема парцела. Самиот објект е планиран да се гради фазно, во првата фаза предвиден е административен дел од 4700м² и производствен дел од 17100м², а во втората фаза предвидени се дополнителни 9600м².

Обликувањето на објектот е во согласност со најновите градежни техники како и исклучително препознатливиот изглед на корпорацијата. Во соработка со инженерите од Wabtec изработена е макета на производниот процес и негово оптимизирање вклучувајќи ги сите фази на изработка од суров материјал до финален производ со висок квалитет.

mk_MK