ФОТОНАПОНСКА ЦЕНТРАЛА – НЕГОТИНО

ФОТОНАПОНСКА ЦЕНТРАЛА - НЕГОТИНО

Градежен институт Македонија и „ФУТУРЕ СОУРС ДОО“ ̶ Скопје потпишаа договор за меѓусебна соработка при реализација на изградбата на фотонапонска централа во регионот на Неготино (Sunny Garden 2) со капацитет од 5 MW. Целта на меѓусебната соработка е поддршка на инвеститорот и главниот изведувач при реализацијата на овој проект со изработка на технички „due diligence“ и мониторинг на проектно финансирање со изработка на извештаи.
Фотонапонската централа „Sunny Garden 2“, во овој момент, претставува една од поголемите централи со капацитет од 5 MW, којашто се гради на територијата на Република Северна Македонија и истата е пуштена во употреба во септември 2023 година.

mk_MK