ВЕТЕРЕН ПАРК – СОЈАК ТУРЦИЈА

УРБАНИСТИЧКА ДОКУМЕНТАЦИЈА И СТУДИЈА ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА - ВЕТЕРЕН ПАРК - СОЈАК ТУРЦИЈА

Инвеститорот SOYAK ENERJİ TİCARET од Истанбул (Турција) и APEX ENERGY ДООЕЛ Скопје во рамките на проектот планираат да изградат ветерен парк (ВП) Рамно 1, кој ќе содржи 11 ветерни турбини со капацитет од 50 MW, лоциран во општина Старо Нагоричане во североисточниот регион на земјата, во близина на границата со Република Србија, на падините на планината Козјак.

Проектот Изведба и употреба на ветерен парк Рамно 1 во општина Старо Нагоричане ќе овозможи производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија (т.н. „зелена енергија“), со што ќе се обезбеди позитивно влијание врз животната средина. За имплементација на проектот ГИМ изработува Урбанистички план од државно значење за изградба на ветерна електрана Рамно 1, општина Старо Нагоричане.

Покрај изработка на Урбанистичка планска документација, ГИМ изработува и Студија за оцена на влијанието врз животната средина од изведба и употреба на ветерен парк Рамно 1, во општина Старо Нагоричане и врши Мониторинг на амфибии, рептили, птици и лилјаци во предградежна фаза. По реализирањето на едногодишниот Мониторингот на амфибии, рептили, птици и лилјаци во проектната област, ќе се изработи Годишен Мониторинг Извештај врз основа на кој ќе се изработи Студијата за оцена на влијанијата врз животната средина.

mk_MK