Градежен институт Македонија успешно ја одигра улогата на надзорен орган на повеќенаменскиот комплекс „Diamond of Skopje“, кој го ревитализира центарот на Град Скопје со нагласување на јавниот простор во најтесното централно градско подрачје околу постојниот „Музеј на Град Скопје“. Комплексот што го изгради турската групација „Лимак“ располага со деловни, културни, угостителски и трговски единици, катни гаражи, станбени единици и луксузен хотел со 5 ѕвезди, со апартманско сместување, кои функционираат независно еден од друг.
Големото отворање на трговскиот центар „Diamond Mall“, кој е еден од споменатите главните делови на мултифункционалниот комплекс „Diamond of Skopje“, се случи на 20 октомври 2023 година. „Diamond Mall“ е изграден според најсовремените архитектонски трендови, градежни техники и стандарди, кои истовремено овозможуваат највисок степен на удобност на посетителите и вработените, како и висок степен на енергетска ефикасност и заштита на животната средина.