ЛОГИСТИЧКО-ДИСТРИБУТИВНА ПЛАТФОРМА

ЛОГИСТИЧКО-ДИСТРИБУТИВНА ПЛАТФОРМА

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја предводи имплементацијата на „Проект за модернизација на земјоделството (АМП)“, финансиран од Светска банка, со цел да се подобри конкурентноста во земјоделскиот сектор на Република Северна Македонија и да се зајакнат јавните институции во рамките на процесот на пристапување на земјата во Европската Унија.
Главната цел на Логистичко-дистрибутивната платформа во Општина „Гази Баба“ ̶ Скопје е да овозможи организирање и унапредување во снабдувањето со безбедни и свежи прехранбени производи, како и поедноставен пристап и логистика до пазарот за свежа храна и други услуги во земјоделско-прехранбениот сектор.
Во овој контекст, со заедничко партнерство, предводено од „IRD Engineering“ – Р Италија, „AGT S.p.A.“ (поранешен „AGROTEC SpA“) – Р Италија и Градежен институт Македонија, имаат тековен договор со цел обезбедување консултантски и инженерски услуги за избор на локација, урбанистички проект, физибилити студија, студија за животна средина и социјални аспекти, идеен и основен проект за Логистичко–дистрибутивна платформа во Скопје (Општина „Гази Баба“).

mk_MK