НАЦИОНАЛЕН РЕГИСТАР – ПОДЗЕМНИ ВОДИ

НАЦИОНАЛЕН РЕГИСТАР ЗА ПОДЗЕМНИ ВОДИ (GWDSM)

Подземните води во нашата земја претставуваат стратешки природен ресурс, но нивниот потенцијал не е доволно истражен, искористен, мониториран, евидентиран, заштитен и управуван. Швајцарската конфедерација, преку нејзината Амбасада во С. Македонија, како и Швајцарската агенција за развој и соработка ја согледаа потребата од имплементација на национален регистар на подземни води (GWDSM) при што се извршени низа активности за развој на истиот. Проектот е со времетраење од 2 години (01.10.2020 до 31.12.2022) и истиот се реализира од конзорциум од три фирми и тоа: Intelligent Network Solution (INS) – Скопје, Градежен Институт Македонија, АД – Скопје и EBP Schweiz AG – Швајцарија.
Основна цел или визија на проектот е плански и организирано на едно место да се соберат и прикажат сите информации и податоци за подземните води. Мисијата на GWDSM е да придонесе одржливо управување, вклучувајќи идентификување, употреба, заштита и следење на подземните води на национално ниво, преку овозможување услови на главните актери за управување со националниот систем за управување со податоци за подземните води и создавање на технички услови за развој и операционализација / поставување на системот за упра¬вување со податоци за подземните води на национално ниво.

mk_MK