Реконструкција на писта

Реконструкција на писта на Меѓународен аеродром

Градежниот Институт Македонија А.Д. Скопје и ТАВ ТЕПЕ АКФЕН Инвестиционо Градежно и Оперативно Акционерско Друштво потпиша договор за меѓусебна соработка при реализација на проектот за реконструкција на пистата на Меѓународен аеродром Скопје.

Целта на меѓусебната соработка е поддршка на инвеститорот и главниот изведувач при реализацијата на овој проект во прва фаза со целосна анализа на проектна и техничка документација, а во втора фаза со примена на услугите од проектен менаџмент односно поддршка при водење на проектот и контрола на квалитет со цел негова успешна и навремена реализација.

Реконструкцијата на пистата на Меѓународен аеродром Скопје под активен сообраќај се извршува по прв пат од неговата последна реконструкција во 1996 година и истата ќе се одвива во периодот од 26 март до 18 мај 2022 година.

mk_MK