ТАВ МАКЕДОНИЈА И ТАВ ТЕПЕ АКФЕН

ТАВ МАКЕДОНИЈА И ТАВ ТЕПЕ АКФЕН

ГИМ потпиша договори за меѓусебна соработка со ТАВ Македонија и ТАВ ТЕПЕ АКФЕН Инвестиционо Градежно и Оперативно Акционерско Друштво при реализацијата на 94 инфраструктурни проекти на територијата на Р.С. Македонија.

Целта на меѓусебната соработка е во прва фаза изработка на извештаи од супер-ревизија на постоечката техничката документација и одобрување на проектите, а во втора фаза примена на услугите од проектен менаџмент односно водење на проектите при нивната реализација.

Проектите ги опфаќаат сите плански региони и речиси сите 80 општини на територијата на Р.С. Македонија., вклучувајќи го и Градот Скопје, каде ќе се реализира најголемиот проект, односно изградбата на мостот на ул. Љубланска преку реката Вардар.

mk_MK