ТИРЗ ШТИП

АДМИНИСТРАТИВНА ЗГРАДА – ТИРЗ ШТИП

Новопроектираниот објект за административна зграда се наоѓа во кругот на Технолошка индустриска развојна зона Штип, лоцирана северо-западно од градот Штип, каде како инвеститор се појавува ТИРЗ. Зградата претставува симбол на развитокот на целиот регион како и индустриската зона, па оттаму потребно беше да се обликува зграда со високи естетски карактеристики. Објектот е предвиден како П+1. Поради специфичната локација, односно различните коти на пристап, зградата е поделена на три волуменски единици – една на приземјето и две на катот.

При проектирање на зградата е употребен современ архитектонски јазик со разграничување на посебни волумени по нивната намена и внесување на природата во рамките на затворениот простор преку големите зелени тераси, испреплетување на функционалноста со природата, поврзување на внатрешниот со надворешниот простор.

mk_MK