ДЕЛНИЦА ПРИЛЕП – БИТОЛА

УРБАНИСТИЧКИ, ОСНОВНИ ПРОЕКТИ И СТУДИИ - ПРИЛЕП – БИТОЛА

Заводот Проектирање, во изминатиот период, потпиша Договор со „Bechtel & Enka“ за Проектот за изградба на автопатската делница Прилеп – Битола, Коридорот 10д, во вкупна должина од 40 км. Договорот се однесува на: 1) урбанистички проект за инфраструктура, 2) основни проекти за сите фази, и 3) студија за животна средина и социјални аспекти.
Целта на проектот е да се подобри патната инфраструктура во нашата држава, а предметните делници претставуваат дел од Паневропските транспортни коридори 8 (врска на Јадранско и Црно Море) и 10 (врска помеѓу Австрија и Грција).
Проектот ќе биде имплементиран како „Планирање по брза лента“ (Fast track planning), метод што дозволува изградба на секции и делови од патот врз основа на достапни проекти, во кои се дадени детали само за одредени фази или елементи од севкупниот обем на работа. Со овој метод се предвидува паралелно проектирање и изведба на работите, со цел брза реализација на објектот. Со овој метод, предвидено е проектантска поддршка на градилиште од страна на членовите на проектантскиот тим за надгледување, стручна помош при градење и реализирање на сите потребни измени и дополни во проектната документација.

mk_MK