АВТОПАТ КИЧЕВО-ОХРИД

АВТОПАТ КИЧЕВО-ОХРИД

Автопатот А2 претставува капитален објект за Северна Македонија и е дел од многу значајниот Пан – Европски Коридор 8 (исток – запад), а воедно претставува и клучен дел од примарната патна мрежа и обезбедува сообраќајна врска од широко меѓународно значење. Делницата Кичево – Охрид има должина од 57 km и претставува сложена и комплицирана делница, каде е предвидена изведба на голем број усеци и засеци со невообичаени висини.

Согласно Договорот за докомплетирање на проектната документација, во периодот 09.2019 – 09.2020 год., ГИМ изработи проектни решенија за стабилизација на косини. Сите решенија се во согласност со најсовремените стандарди и препораки, кои наметнуваат строги барања за безбедност и сигурност на патиштата, каде еден од позначајните аспекти е стабилноста на косините.

mk_MK