БРАНА КОНСКО

БРАНА КОНСКО

Градежен институт Македонија врши надзор на работите за изградбата на браната „Конско“ која е од исклучително значење за наводнувањето на земјоделските површини од Гевгелискиот регион. Со изградбата на браната, ќе се обезбеди: редовно снабдување квалитетна вода за пиење, наводнување на земјоделските површини, производство на електрична енергија, но, изградбата, ќе значи и обезбедена вода за дотур, за спас, на Дојранското Езеро.

ГИМ врши надзор на работите за изградба на браната, со придружните објекти.

Техничкото решение за Брана Конско се состои од: камено-насипна брана со асфалт-бетонска дијафрагма, возводен загат во состав на телото на браната, челен преливник, опточен тунел, зафатна кула на темелен испуст – доводен орган, сигурносна затварачница на темелен испуст.
Вкупната градежна висина на браната изнесува околу 78 метри со вкупна кубатура од околу 1375000 м3 и должината на круната околу 330 метри.

mk_MK