ОСНОВНА ХИДРОГЕОЛОШКА КАРТА

ИЗРАБОТКА НА ОСНОВНА ХИДРОГЕОЛОШКА КАРТА

Секторот Хидрогеологија при Заводот Геотехника во Градежен институт Македонија, во континуитет ги продолжува активностите на хидрогеолошки истражувања за изработка на Основна хидрогеолошка карта на Република Северна Македонија во мерка 1:100000. Ваквите истражувања се од категоријата на фундаментални геолошки истражувања финасирани од Геолошкиот завод на Република Северна Македонија. Имено, оваа година, покрај реализација на III фаза од основна хидрогеолошка карта на листот Скопје, се започна и со I фаза од изработка на нов лист ОХГК Куманово.
Финално изработените карти на лист Скопје и Куманово треба да овозможат решавање на следните основни потреби: дефинирање на хидрогеолошките карактеристики на теренот, евидентирање на извори и бунари и објекти на минерални, термални и термоминерални води, утврдување на ресурсот подземни води, дефинирање на хидрохемиските карактеристики и квалитетот на подземните и површински води, утврдување на постојните и потенцијални загадувачи на подземните и површински води, ранливоста и ризиците од загадување.

mk_MK