ГИМ е Проектант на Основниот проект со сите фази, за раскрсницата на ул. Скупи и булевар 8-ми Септември; раскрсница булевар 8-ми Септември и булевар Никола Карев; булевар Никола Карев и улица Словенечка во Скопје.
Концептот на проектот e поставен врз основа на анализа на просторот и можностите за просторен развој, важечката урбанистичка документација и усвоеното идејно решение.
Главната цел на проектот е да се подобри функцијата на пешачката комуникација во сообраќајот, подобрување на нивото на услугата на сообраќајниците и зголемување на безбедноста во сообраќајот во овој дел на град Скопје.
Според Генералниот урбанистички план на Град Скопје за периодот од 2012 до 2022 година, булеварот Никола Карев е дел од примарната улична мрежа.
Тој е категоризиран како транзитен автопат и го поврзува булеварот Александар Македонски со обиколницата на градот Скопје и продолжува до планираниот автопат А4. Оваа сообраќајница е врска на државниот пат А4 од патниот јазол Стенковец до граничниот премин Блаце. На јужната страна од предвидениот опсег се наоѓа делот од Булевар 8 Септември и улицата Скупи.
За секоја од споменатите сообраќајници, што се предмет на разработка во проектот, направени се прелиминарни студии и техничка документација на ниво на проектот Инфраструктура, што, генерално, предвидува реконструкција и изградба на сообраќајници со соодветна анализа.
Податоците од проектот Инфраструктура се земени како почетни индикатори, како и останати упатства и препораки за време на подготовката на Основниот проект.
Во склоп на Основниот проект за предметните сообраќајници, изработени се и проекти од повеќе фази и тоа:
▪️ Фаза Kонструкции: два моста на река Серава, два надпатника кај патните јазли, еден пешачко – велосипедски надпатник и четири подземни премини.
▪️ Фаза Хидротехника: атмосферска и фекална канализација,
▪️ Фаза Електротехника : улично осветлување,
▪️ Фаза Геотехника: геотеханички истражни работи со димензионирање на коловозна конструкција и
▪️ друга проектна документација.
Погледнете го видеото тука.