РЕК ОСЛОМЕЈ

ИСТРАЖУВАЊЕ НА ЈАГЛЕНИ – РЕК ОСЛОМЕЈ

Со цел продолжување на векот на експлоатација на ТЕ Осломеј која има инсталирана снага од 125 MW, се наметна потребата од допoлнително истражување и дефинирање на наоѓалиштето за јаглен „Гуштерица“. Овој локалитет го опфаќа СИ дел на јагленовиот басен Осломеј, т.е. дел кој не е експлоатиран во рамките на рудникот Осломеј – Исток. Заради тоа, од страна на ГИМ се преземени комплексни геолошки, хидрогеолошки и геомеханички истражувања и испитувања, со цел да се утврдат: геолошкиот склоп на теренот, генезата и распространетоста на минералната суровина, резервите на јаглен и неговата категоризација и квалитет, како и условите за експлоатација.
Геомеханичките лабораториски испитувања се направени во акредитираната лабораторија на ГИМ, додека испитувањата на јагленот се направени од страна на Рударски Институт од Белград.

mk_MK