ХИДРОЛОШКА СТУДИЈА ЗА РЕЖИМОТ НА ВОДИТЕ

ХИДРОЛОШКА СТУДИЈА ЗА РЕЖИМОТ НА ВОДИТЕ

Согласно барањата во договорот со Град Скопје, основна задача на хидрогеолошката студија е да се согледа состојбата на водотеците во поширок опфат дефиниран со Скопската котлина и во границите на ГУП на Град Скопје и да се предложи најповолно решение за нивната регулација, потреба од санација на постоечката регулација и усогласување на планираните објекти на речните корита со постоечките.
При изработка на студијата ќе се вклучат разни технички алатки, теренски истражувања, обработка на податоци и формирање на различни бази на податоци, во формат што ќе овозможи пристап според методолошките барања на Градот и неговите стручни услуги. Хидролошката студија се работи за потребите на ГУП на Град Скопје, 2022-2032, и ќе биде составен дел на документационата основа на истиот.

mk_MK