БЕХТЕЛ & ЕНКА

БЕХТЕЛ & ЕНКА

Конзорциумот Bechtel&Enka со Владата на Република Србија кон крајот на 2019 год. потпиша договор за изградба на модерен автопат Појате – Чачак со вкупна должина од околу 110 km, поделен на вкупно 9 секции. Врз основа на одличната деловно-техничка соработка со реноми¬раната фирма при изградбата на автопатот од Приштина до граница со Р. Македонија, ГИМ е повикан да учествува на проектот во Р. Србија во делот на геотехнички истражувања и испиту¬вања, како и теренска контролна лабораторија. Подолу детално се наведени сите досегашни и тековни активности:
2020 – 2021: Изведба на геотехнички теренски истражни работи и лабораториски испитувања за траса и објекти на секциите 1, 3 и 8;
2020 – 2021: Лабораториски испитувања во акредитираната лабораторија во ГИМ на природен материјал како агрегат за бетон и нивна употребливост за вградување во насип на секциите 5 – 9;
2020 – 2021: Во близина на градот Крушевац е воспоставена теренска контролна лабораторија за бетон и геомеханика, со ангажирање на 2 инженера и 12 – 14 техничари;
2021 – 2024: ГИМ планира да работи на овој проект и во следните 3 години, бидејќи фирмата Bechtel&Enka се смета за еден од најважните стратешки партнери

mk_MK